Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ФОТО) Кампања: „Стоп за дискриминација“- општествено одговорен проект на ФК Вардар

(ФОТО) Кампања: „Стоп за дискриминација“- општествено одговорен проект на ФК Вардар

Црвено-црниот фудбалски колектив во новата сезона 2016/2017 се вклучува во ЦСР кампања „Стоп за дискриминација“ која што ќе трае во текот на целиот шампионат. Вардар покажа дека е голем клуб и дека е општествено одговорен субјект. На мечот со ФК  Работнички, по покана на ФК Вардар беа присутни и 22 члена на Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“.  Проект има цел  да се осигура дека луѓето од маргиналните групи се прифатени во општеството и да се крене нивото на совест за предизвиците со кои се соочуваат овие луѓе.

g2

Здружението истакнаало задоволност и благодарност од овој проект на  клубот. Членовите на ова здружение имаа можност да се запознаат и дружат со нашите фудбалери и со нашиот стручен штаб, и да го проследат натпреварот помеѓу Вардар и Работнички.

g3 g4 g5 g6