Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов и Гонзалес: Мора да се дава 100% и да се победува на секој меч ако се сака Ф-4 во СЕХА

Стоилов и Гонзалес: Мора да се дава 100% и да се победува на секој меч ако се сака Ф-4 во СЕХА

Ракометниот клуб Вардар реди успеси во СЕХА регионалната лига, последен беше  гостувањето кај Целје и победата од 40-29. Веќе утре повторно играме дуел во регионалното натпреварување домаќини во истиот во С.Ц “Јане Сандански“ сме на екипата на Татран. Натпреварот со Татран е закажан за утре, вторник со почеток во  20-30 часот. Веќе во продажба се пуштени и билетите за овој натпревар по цена од 50 денари и може да се купат на билетарницата на салата во  „Јане Сандански”. На денешната пресконференција Раул Гонзалес,   тренер на Вардар за утрешниот дуел изјави:

На последниот натпревар против Целје игравме добро е ефикасно во нападот. И нашата одбрана 5-1 добро функционираше и успеавме да победиме квалитетен ривал. Малку сме уморни од играчкиот ритам, но сме лидери на табелата и сакаме да ја зацврстиме таа позиција. Во СЕХА лигата нема лесни ривали и доколку сакаме да победуваме мораме да биде целосно посветени на секој меч, и да го осигураме местото на Ф4 турнирот. Ќе решам кој ќе игра дури по последниот тренинг бидејќи имаме време до утре, но ќе играме најдобро и ќе покажеме добра игра и верувам навивачите ќе уживаат.

На стандардната пресконференција пред секој дуел во регионалната СЕХА Гаспреом лига пикерот и капитен на Вардар, Стојанче Стоилов  го кажа ставот на играчкиот кадар, тој на новинарите им го изјави следново:

Во добра форма сме и сакаме да го продолжиме победничкиот од. Не смееме да бидеме опуштени бидејќи сме лидери на табелата , зашто во СЕХА лигата секој тим е конкурентен. Нашата цел е повторно да играме на Ф4 турнирот, што значи дека не смееме да дозволиме да губиме бодови. Се сеќаваме како игравме против Мешков и подготвени сме да го дадеме максимумот против Татран Прешов.