Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити Запад ќе го организираат : 9-тиот Меморијален турнир “Томо Комита”

Комити Запад ќе го организираат : 9-тиот Меморијален турнир “Томо Комита”

Најверните навивачи на црвено-црните навивачката група “Комити Запад“ годинава ќе го организира традиционалниот момериален турнир посветен на прерано починатиот нивни член Томо. Годинава ќе се одржи 9-тиот Меморијален турнир “Томо Комита”.

Истиот ќе се игра на 23ти, 24-ти и 25-ти Септември. Локација на која ќе се одржи е иста како и претходните изданија на овој меморијален турнит- Спортски центар Маџир Маало. Учество на истиот ќе чини   1000 денари од една екипа.  Пријавување на екипите учесници ќе трае се до  21 Септември 2016 година кога ќе заврши истото , а потоа ќе има ждребување за натпреварите кои ќе се одиграат на турнирот.