Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Велковски, Антовски и Бериша повикани во фудбалската репрезентација до 17 години, за контролните дуели со Словенија

Велковски, Антовски и Бериша повикани во фудбалската репрезентација до 17 години, за контролните дуели со Словенија

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години утре и во четврток ќе одигра два контролни натпреаври против соодветната селекција на Словенија. Мечевите ќе бидат одиграни на тренинг центарот Петар Милошевски со почеток од 15 часот. Овие натпревари се подготовка за квалификациксиот турнир, кој во периодот од 26-31 октомври ќе се игра во Италија.

За претстојните натпревари против Словенија, селекторот Добринко Илиевски во составот повика и тројца играчи на фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за голманот Методија Велковски и неговите соиграчи од пионерската екипа, Филип Антовски и Јакуп Бериша. Сите се стандарни во составот на тренерот Сашо Тодоровски, а добрата форма беше препорака за селекторот Илиевски да ги повика за мечевите со Словенија.