Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар е првиот тим кој успеал да му даде 40 голови на Целје, пред својата публика

Вардар е првиот тим кој успеал да му даде 40 голови на Целје, пред својата публика

Екипата на РК Вардар продолжува со добри игри во сеха-лигата, забележувајќи ја четвртата победа во ова натпреварување. После Металург, Веспрем, Загреб и екипата на Целје Пивоварна Лашко беше поразена во дуелот со нашиот шампион. Црвено-црните имаа убедливо издание во Словенија, каде целосно ја надиграа домашната екипа. Самиот резултат од 29:40 говори за доминацијата на Вардарци на овој натпревар.

Она што е поинтересно е тоа што Целје никогаш во својата богата историја не примил 40 погодоци на еден официјален меч на свој терен, без разлика дали се домашни или во европските натпреварувања. Овој подвиг успеа да го направи токму Вардар нанаесувајќи му еден од најтешките порази на Словенскиот шампион во својата арена. Се случувало да примат повеќе од 40 гола, но тоа било на натпревари играни на гостински терен.