Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Познати се машките лигашки 1/2-финални пресметки, Вардар против Шкендија
Познати се  машките лигашки 1/2-финални пресметки,  Вардар против Шкендија

Познати се машките лигашки 1/2-финални пресметки, Вардар против Шкендија

Кај одбојкарите веќе се познати полуфиналните двојки откако Вардар се радуваше над Лирија со 3:0 во првиот меч од претпоследното коло во Втората фаза-1. Тоа значи дека Универзитет во Тетово не може да напредува од четвртото место и во серијата до две победи ќе оди на неприкосновената Струмица 47&72. Бранителот на двојната круна денеска ќе се сретне со ГОК Борец, а во тетовското дерби Универзитет ќе ја пречека Шкендија, која сака победа за да се врати на втората позиција и со тоа да биде поблиску до евентуална мајсторка пред своја публика во полуфиналната низа со Вардар. Но ова прашање секако ќе биде отворенои во пресрет на 10-то коло од Втората фаза-1 коешто ќе биде одиграно по завршниот турнир од купот, од петок до недела во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци. Полуфиналните двојки кај дамите се идентични со оние од првенството, додека кај мажите струмичани ќе сервираат против Шкендија, а Вардар против Универзитет во Тетово.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1 (9.коло)

Вардар – Лирија                                                              3:0 (25:14, 25:18, 25:22)

ГОК Борец – Струмица 47&72                                             //

Универзитет во Тетово – Шкендија                                   //

ТАБЕЛА:Струмица (18-0), Вардар (13-6), Шкендија (13-5), Универзитет во Тетово (10-8),ГОК Борец (7-11), Лирија (7-11)