Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Преглед 15.коло! КК Вардар и останатите фаворити до нови победи
Преглед 15.коло! КК Вардар и останатите фаворити до нови победи

Преглед 15.коло! КК Вардар и останатите фаворити до нови победи

По мала пауза, продолжија натпреварите во второлигашката конкуренција. И без особени промени кога се во прашање водечките позиции, оние кои водат во плеј-офот, а потоа и кон Првата лига.

Екипата која ја има водечката позиција, Чаир 2030 стигна до 14. победа откако постигнаа сто поени на домашниот натпревар против екипата на Тетекс ТТК (100:68), и ја задржа предност во однос на конкуренцијата.

И пратителите на чаирчани, беа успешни во 15. викенд од почетокот на сезоната. Важни гостински победи остварија Соколи 1933 против Струмица (74:67). Велешкиот Борец Баскет победи во Охрид (87:85), а Баскет Кам беше подобар од Шкупи на гости во Скопје (69:53).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО

Струмица – Соколи 1933           67:74

ГКК Охрид – Борец Баскет         85:87

Вардар – Партизан Водно Санс           97:85

Чаир 2030 – Тетекс ТТК   100:68

Шкупи – Баскет КAM        53:69

Хераклеа – Црн Дрим     70:71

ТАБЕЛА: Чаир 2003 29, Вардар 26, Соколи 1933 26, Баскет КАМ 24, Борец Баскет 23, Струмица 22, Шкупи 22, ГКК Охрид 21, Партизан Водно Санс 20, Црн Дрим 20, Тетекс ТТК 19, Хераклеа 17;

ИДНО КОЛО (05.03)

Баскет Кам – Хераклеа

Соколи 1933 – Вардар

Партизан Водно Санс – Шкупи

Црн Дрим – Чаир 2030

Тетекс ТТК – ГКК Охрид

Борец Баскет – Струмица