Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Преглед 21.коло! Вардар и по поразот остана на 2.позиција
Преглед 21.коло! Вардар и по поразот остана на 2.позиција

Преглед 21.коло! Вардар и по поразот остана на 2.позиција

Резултатите од 21. коло не ги решија сите дилеми околу тоа кои екипи ќе играат во плеј-офот, а кои ќе се збогуваат со натпреварувањето во оваа конкуренција.

Пред разврската, односно одигрувањето на последното коло од регуларниот дел, јасно е дека екипата на Чаир 2030 стартува од првата позиција. Во ова коло чаирчани ја потврдија супериорноста со убедлива победа против еден од конкурентите, екипата на Вардар (107:87).

Но затоа пак жестока ќе биде битката за позицијата 2, која носи исто така голема предност (играње на домашен терен) во доигрувањето за двете места кои водат во Првата лига.

Борец Баскет ја продолжи победничката серија и ги искористи загубите на конкуренцијата. Славеа велешани и на гостински терен во Македонска Каменица против Баскет КАМ (74:61), доволно да се искачат на делба на второто место на табелата, заедно со екипите на Вардар и на Соколи 1933 кои исто така претрпе пораз на гостувањето во Тетово, каде Тетекс ТТК победи со сигурни (83:74).

Оваа победа, како и триумфот на Црн Дрим на  домашен терен против Партизан Водно Санс (107:99) ги остави двете екипи својот второлигашки статус да го решаваат во последниот круг од натпреварите.

Имаат ефект (7-14), но нималку лесен распоред во 22. коло. Стружани гостуваат во Штип, кај Соколи 1933, екипа која ја „брка“ втората стартна позиција во доигрувањето.

Од друга страна пак тетовци се гости на екипата на Струмица, која сеуште стравува за својот статус бидејќи со ефект (8-13), а во случај на пораз би влегла во неизвесна завршница.

Покрај Струмица во „црвената зона“ се и екипите на ГКК Охрид и на Партизан Водно Санс (идентичен скор 8-13). Ќе бараат победа во дуелите со сигурниот Баскет Кам (позиција 5), односно Вардар (на делба на 2. место), или пак евентуално ќе чекаат пораз на една од двете најзагрозени екипи кои имаат една победа помалку.

Екипата на Шкупи, со победа над отпишаната Хераклеа (74:57) го зацементира шестото место на табелата од кое ќе го почне оној елиминациски дел од сезоната 2021/2022.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 21. КОЛО

Чаир 2030 – Вардар         107:87

Тетекс ТТК – Соколи 1933         83:74

Хераклеа – Шкупи           57:74

Баскет Кам – Борец Баскет       61:74

Црн Дрим – Партизан Водно Санс     107:99

ГКК Охрид – Струмица   91:90

ТАБЕЛА: Чаир 2003 41, Вардар 35, Борец Баскет 35, Соколи 1933 35, Баскет КАМ 34, Шкупи 32, Струмица 29, ГКК Охрид 27, Партизан Водно Санс 29, Црн Дрим 28, Тетекс ТТК 28, Хераклеа 23;

ИДНО КОЛО (16.04)

Борец Баскет – Хераклеа

Шкупи – Чаир 2030

Струмица – Тетекс ТТК

Партизан Водно Санс – Баскет КАМ

Вардар – ГКК Охрид

Соколи 1933 – Црн Дрим