По година пауза, денес и утре, Кошаркарската Федерација на Македонија го организира завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски Буштур“ 2021 година во женска конкуренција. Со почеток во 17-00 во салата „Кале“ нашиот ЖКК Вардар ќе се сретне во полуфиналето со тимот на Баскет Кам.
Од оваа средба како и од целиот завршен Ф-4 турнир во Купот преноси ќе врши македонската радио и телевизија, МТВ.