*Преземено од официјалната страница на Комити запад
Малку доцнеа но новите дресови се пристигнати !
Истите ќе чинат 1.500 денари.
За членовите на Комити, но и за сите оние кои учествуваа во акцијата “КУПИ БИЛЕТ ЗА СПАС НА ВАРДАР” (со приложен билет како доказ), дресовите ќе имаат -20% попуст, односно цена од 1.200 денари.
Достапни величини има од најмала возраст до 3XL машки, а има и женски броеви.
Во текот на утрешниот ден ќе има инструкции кога и каде ќе можете да дојдете до нив.
И со Вардар второлигаш целта ни е да рушиме рекорди во продажба на негови реквизити.
ДА СЕ ОБЕЛЕЖИМЕ ВО ВАРДАР !
Да покажеме и докажеме дека ВАРДАР ЌЕ ЖИВЕЕ !