Избраниците на новоименуваниот тренер на Вардар, Ѓорѓи Кочов беа подобар противник и однесоа триумф на овој дуел со резултат 75:62. На крајот победата искочи убедлива со 13 поена , особено истата ја постигнавме со добра игра во вториот дел, на полувремето имавме помало водство нашите момци заминаа на пауза со резултат 35:31. Кај нас поистакнати беа репрезентативците Крстевски кој погоди 10 поена , Димчевски имаше зад своето име 8 поени, толку поени уфрли и Митев кој покрај тоа имаше одличен скор како асистент, тој “проигра“ одлично дури 7 пати на мечот. Вардар по три годишна пауза одкако се мачеше со играње по една сезона во треттата и втората македонска кошаркарска лига конечно си го најде правото место, од годинава повторно сме дел од најсилната мак.кошаркарска дружина, Првата лига.