Наскоро ќе почне втората сезона од ракометната Јуниор лига, дечињата кои лани настапија во првата сезона и ја почуствуваа магијата на истата со нескриена желба ја очекуваат повторно бидејќи тоа за нив е посебно доживување. Во првата сезона настапи во лигата и младата Сара Симоновска која тренира и игра ракомет во една од најдобрите школи кои се дел од проектот РК Вардар Кузман предводен од Александра Кузмановска. Младата Сара не запознава со своите ракометни почетоци и впечатокот за ракометата “Јуниор лига“.
-Ракомет тренирам од моите 12 години, желбата за овој спорт се појави откако одиграв неколку утакмици за училиштето во кое учев. “Вардар јуниор“ лига е одличен проект кој им овозможува на децата да го покажат својот талент. Првата сезона на “Јуниор лигата“ беше едно големо искуство за мене и за моите соиграчи кои стекнавме големо пријателство со девојките од другите градови.
Сара беше дел од генерацијата родени “2000/01 со која го освои треттото место во Јуниор лигата. Во новата сезона очекува уште поголеми успеси и победи.
-РК Кузман во кој јас настапувам за генерација 2000/2001 освои третто место во лигата. “Вардар Јуниор“ лигата ни овозможува натпревари а со самите нив стекнуваме искуство, а искуството си го прави своето. Задоволна сум од резултатите на својот тим одигравме одлична сезона. Оваа сезона се враќаме посвежи посилни и спремни за нови победи, изјави Сара Симоновска за нашиот сајт.
Звонко Ивановски