Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар со младинската и сениорската екипа денес домаќин на Башкими од Косово
ЖКК Вардар со младинската и сениорската екипа денес домаќин на Башкими од Косово

ЖКК Вардар со младинската и сениорската екипа денес домаќин на Башкими од Косово

Денес, 21.јануари (четврток) во спортската сала „Кале“ ќе се одиграат две пријателски средби на ЖКК Вардар и тимот од Косово, екипата на ЖКК Башкими.

Најпрвин во 13:00 часот ќе играме тест-напревар со младинската женска екипа, предводена од Стојановска против ривалот од Призрен. Потоа во 15:00 часот на мегданот ќе искочат сениорките на Жаклина Стојановска кои ќе ги одмерат силете со сениорскиот тим на Башкими. Овие дуели се дел од подготовката за пролетниот дел од сезоната каде што имаме голем број на дуели за одигрување, во есенскиот дел одигравме само четири лигашки мечеви на кои дојдовме до исто толку победи.