Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дојде ли време за разделба, Чупиќ на крајот од сезоната се сели во ППД Загреб
Дојде ли време за разделба, Чупиќ на крајот од сезоната се сели во ППД Загреб

Дојде ли време за разделба, Чупиќ на крајот од сезоната се сели во ППД Загреб

После пет сезони поминати во црвено-црниот дрес, најверојатно Иван Чупиќ ќе го напушти Вардар. Многу се шпекулираше со неговата идинина во изминатиов период, имаше информација и дека е можно да замине од Вардар после завршување на СП, но самиот Чупиќ ја негираше таа информација, истакнувајќи дека до крајот на сезоната ќе го одработи договорот со нашиот шампион.

Сепак во интервју за хрватски „Индекс“, директорот на ППД Загреб го потврди неговото доаѓање во клубот по крајот на оваа натпреварувачка сезона, истакнувајќи дека Загреб во Скопје ќе испрати замена за Чупиќ.

Тој доаѓа кај нас, а нив ќе им треба ново крило, па можеби ќе земат некој од нашите. Кога ќе ни дојдат посилни противници, ние ќе играме на поинаков начин. Чупиќ во Вардар покажа дека може да игра во повеќе ситуации, како што е и „7 на 6“, но тој со Вардар речиси сам го победи ППД Загреб“, изјави Божидар Јовиќ.

Чупиќ е дел од хрватска репрезентација на СП во Египет, после што ќе се приклучи на тренинзите на Вардар и до крајот на месец јуни ќе го носи овој дрес. Се претпоставува дека неговата замена од Загреб  ќе биде 26-годишното крило Јосип Божиќ-Павлетиќ.