Се чини како да има светло на крајот од тунелот. Вчерашниот состанок на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, претставникот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДССДП), управата во заминување на вардарци, претставници на ,,Комитите”, како и адвокатите на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, дале насока дека ситуација во најтрофејниот фудбалски клуб ќе биде стабилизирана.
Па така, денес точно од 14.оо часот во Академијата на ФК Вардар е закажана средба со играчите на ФК Вардар, оние кои засега сеуште се во клубот. Денешната средба и со фудбалерите ќе открие многу детали. Се очекува и нивно активирање што е можно побргу.
Останува да видиме како ќе помине денешниот состанок со нив и кој се ќе се појави на овој закажан состанок.