Вардаровиот тренер професорот Љубиша Пешко кој е и поранешен професионален тренер и на БК Спартак во периодот 1995 -1999 година вчера присуствуваше на тренинг на својот поранешен клуб. Тој присустваше заедно со поранешниот македонски селектор, а сегашен Спортски директор на ФБСМ г-н Насе Насев. Оваа посета на тимот од Кочани беше со цел : запознавање со правилна физичка подготовка и запознавање со нови модерни зафати. За напомена од Спартак во нашиот БК Вардар се борат борачите Иван Вучиќ и Павлев.
Насев им презентирал правилно оптеретување и правилно дигање на тегови за развивање на мускулната маса и сила на борачите. Професорот и тренер на БК Вардар г-н Пешко им презентирал атрактивни зафати и техники за кои присутните покажале повеќе од голема заинересираност за истите. Исто така тренерите Ане Кировски и Александар Павлев добиле укажувања како да извршат масовоност на новите членови и како да водат помодерен начин на тренинг. Исто така им е потенцирано новите зафати да ги усовршат до автоматизација.