Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Георг Стојановски најдобар стрелец во сите младински категории на ФК Вардар
Георг Стојановски најдобар стрелец во сите младински категории на ФК Вардар

Георг Стојановски најдобар стрелец во сите младински категории на ФК Вардар

Вардаровата генерација родени “2004“ година имаше одлична сезона, освојувајќи го првото и третото место во детската лига, со двете свои екипи. Покрај тоа успеа да освојат два турнири и тоа оној оној во Бугарија “Балканика куп“ и “Ферплеј куп“ во Охрид. Избраниците на Филип Арсовски беа голгетерски расположени преку целата сезона, постигнувајќи преку 250 голови во детската лига. Има неколку играчи кои се истакнаа во офанзивната линија, но местото број еден најдобар стрелец му припаѓа убедливо на Георг Стојановски. Ова момче имаше незаборавна сезона пред себе, а дури на три пати доби признание за најдобар стрелец. Тука се турнирот Ферплеј куп, потоа “Балканика куп“, каде постигна вкупно 12 постигнати голови, од кои на три пати со хет-трик. На споменатиот турнир со неговите погодоци во полуфиналето и големото финале беа совладани екипите на Левски и ЦСКА од Софија. Врвот на сезоната го достигна со уште една поединечна награда за најдобар голгетер и тоа на завршниот турнир во детската лига, постигнувајќи 7 погодоци.

Ова момче дефинитивно има фудбалски “гени“, а има и од кого да учи. Негов дедо е поранешниот тренер и еден од најуспешите стручњаци во Вардар и Македонската репрезентација, познатиот Ѓоко Хаџиевски, кој до одреден период ја извршуваше и функцијата на спортски директор во најголемиот Македонски клуб. Стојановски ја заврши сезоната со вкупно 53 постигнати голови, ако на нив се додадат и 15 погодоци од двата турнири во Бугарија, тоа се 68 погодоци зад неговото име. Дефинитивно број еден играч во генерацијата “2004“. Воедно Георг можеме да го прогласиме и за најдобар стрелец во сите младински категории на ФК Вардар за сезоната која помина.

Вака изгледа листата на ТОП-7 најдобри стрелци кај генерацијата родени “2004“ година во натпреварите од детската лига:

1. Георг Стојановски  53

2. Огнен Здравковски 29

3. Горазд Попов  22

4. Теодор Перковски  21

5. Димитар Стоимов 17

6. Стефан Стојановски  16

7. Марио Ричков  15