Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Слободан Мутибариќ: Сите сме задоволни од ефектот на замислата на “Јуниор“ лигата
Слободан Мутибариќ: Сите сме задоволни од ефектот на замислата на “Јуниор“ лигата

Слободан Мутибариќ: Сите сме задоволни од ефектот на замислата на “Јуниор“ лигата

Најновиот проект на фудалскиот клуб Вардар, Јуниор лигата имаше успешна дебитантска сезона во првата година на нејзиното функционирање. Дел од лигата беа 11 фудбалски школи од цела Македонија, кои се натпреваруваа во четири различни возрасни генерации. Оваа организација даде позитивни рекации кај сите учесници, кои несомнено имаат придобивки од една ваква лига, која има за цел да ги обедини сите школи од државава. Како помина првата сезона на “Вардар Јуниор“ лигата можете да прочитате од изјавата на Слободан Мутибариќ, кој е тренер на голманите во младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар.

-Само пофални зборови за директорите Самоил Симев и Горан Митев, како и координаторите Сашо Милошевски и Павел Неделковски за одличната соработка со тренерите на генерациите од “2003“ до “2006“ година. Сите сме задоволни од ефектот на замислата на “Јуниор“ лигата. Беа селектирани и донесени во Вардар осум деца, кои се од подрачните единици на фудбалскиот клуб Вардар, од Штип, Виница, Охрид, Куманово, Прилеп и Велес. Одлична соработка има поставена со тренерите од другите градови, со организирањето на Вардаровиот камп во Дојран каде тренерите се запознаени со нашата работа и во кој правец нормално и со нивното искуство да се одвиваат нивните тренинзи во клубовите. Морам да истакнам дека од секој град во младинските репрезентации на Македонија се донесени од 1-3 деца во ФК Вардар, така да може да очекуваме голема добивка за нашиот клуб во иднина.

Фудбалската школа на Форца во која работат познатите Јовче Чипунов и Гоце Петревски е од големо значење за ФК Вардар, со која имаат одлична соработка во препознавањето на квалитетни деца и нивно заигрување во црвено-црниот дрес. Целта на ваква лига е да има што поголем број на талентирани деца, кои во иднина би биле “столб“ во играта на Вардар и Македонскта репрезентација.

-Исто така голема благодарност до фудбалската школа Форца-Вардар на чело со Јовче Чипунов, која е најголемата фудбалска школа во Скопје и неговата безрезервна поддршка за Вардар, клуб во кој беше многугодишен член. Од Форца која е расадник на млади таленти во Вардар се донесени преку 15 талентирани деца, кои се со одличен фудбалски квалитет. Со изградбата на новата академија и со ваков квалитетен тренерски кадар очекуваме Македонскиот фудбал да се развива во нагорна линија. Секогаш “костурот“ на репрезентацијта треба да биде од нашите редови. Секако тука е и фудбалската академија на ФФМ и академијата на А.Пандев која покажа дека има одлични поединци. Се се сведува на тоа да им се даде поголема шанса на младите генерации за да добиеме квалтетна репрезентација со добра селекција на децата.

Од следната сезона се очекува да се зголеми бројот на фудбалски школи, кои ќе се натпреваруваат во Јниор лигата. Исто така во план е да се реализира трнинг камп во Охрид.

-За “Јуниор“ лигата од следната сезона очекувам добра соработка. Кампот на Вардар се органзиира во месец август во градот Охрид. Се очекува голема масовност од подрачните единици каде ние ќе организираме фудбалски работилници, а со самото тоа да го подобриме фудбалскиот квалитет на децата, изјави Слободан Мутибариќ за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски