Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Димитар Димитровски во идеалниот тим на 2.круг и Донковски со место во топ-10 поединечни просеци

Куглање! Димитар Димитровски во идеалниот тим на 2.круг и Донковски со место во топ-10 поединечни просеци

Со одигрувањето на заостанатиот меч во саботата со битолска Хераклеа црвено-црниот кугларски колектив го заврши вториот круг од Македонската кугларска лига. Може да кажеме дека ова беше една од најслабите полусезони на црвено-црните кои тргнаа со два пораза, а потоа успеаа да нанижат три триумфи и да се вратат на победничките патеки.

mladen2

По крајот на вториот круг Вардар заврши како второпласиран со 14 бода зад лидерот екипата на шампионот КК Макпетрол која има 20, и пред КК ГТЦ Мусандра која има два помалку односно 12 бода.  По крајот на 2.круг на страницата на  Кугларската федерација на Македонија беше поставена листата со просеци. Во иделните шест односно топ-6 скорови се најде еден играч на Вардар, Димитар Димитровски. Колку и да не блескаше во 2.круг тој сепак наможе, а да не биде  дел од иделните шестмина. Димитровски со просек од 584,30 се најде на шестата позиција. Во листата од 10 најдобри на 10-та позиција се најде Младен Донковски кој има зад своето име скор од 556,4 “соборени дрва“. Мечевите од третиот круг за нас почнуваат в четврток кога играме меч со екипата на 18-ти Август.

17343050_1032292050206064_1090865640322169935_n