Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Денес последен ден од тридневниот одмор на момците, Седлоски утре повторно прозива
Денес последен ден од тридневниот одмор на момците, Седлоски утре повторно прозива

Денес последен ден од тридневниот одмор на момците, Седлоски утре повторно прозива

Викендов нашиот црвено-црн фудбалски колектив  забележа победа над Македонија Ѓорче Петров во рамки на натпревар од ПМФЛ, односно  23. коло. Стручниот штаб   поради фактот  што идниот викенд е пауза поради настапите на репрезентациите, момците кои немаат покана за своите селекции  добија три слободни дена.

Одморот за избраниците на Гоце Седлоски ќе трае уште денес, во  тренажниот процес момците ќе се вратат во среда.  Делот од ростерот кој нема да игра за националните селекции, утре ќе поче да се подготвуваат за следните лигашки и Куп предизвици. Списокот на играчи на ФК Вардар кои ќе бидат отсутни е голем, дури 11 имиња се најдоа на списоците на селекторите. Па така Гачевски, Алексовски, Велковски, Николов и Спировски ќе бидат со сениорската македонска репрезентација, додека Петковски и Демири со младинската селекција на Македоија. Барсегјан и Хамбарџумјан ќе играат за Ерменија,  Којашевиќ  ќе настапи за Црна Гора, а Џигаури  доби повик за настап во селекцијата на Грузија.