Вардарки по 14.кола од регуларниот дел од сезоната забележаа дванаесет победи и два пораза со што тие во првата етапа во женската кошаркарска лига ја завршија на втората позиција зад акруелниот шампион екипата на Бадел. Девојките на Бране Андриевски со ова обезбедија место во топ-4 сегментот, односно во квартетот кој ќе разигрува за титулата во земјава.
Наш противник во разигувањето за титулата е третто пласираната екипа во лигата МНА Кожувчанка од Кавардарци. Вардарки ќе се обидат да дојдат први до две победи со што ќе закажат серија во плеј-офот за титула. Наш најверојатен противник ќе биде екипата на шампионот Бадел 1862 која има релативно лесна задача да ја мина далеку послабата екипа на ЖКК Шкупи од скопски Чаир, тие во првиот меч дома тргнаа со висока победа 90-47 и поведоа 1-0. Со кавадарчанки првиот дуел го играме веќе попладнево, на истиот ние сме домаќини во малата сала при С.Ц “Кале„ во Скопје. Натпреварот со Кожувчанка е закажан со почеток во 19-00 часот. Се надеваме дека ќе отвориме со победа во оваа серија “подобар од три меча“ односно први ќе дојдеме до две победи.
Вториот натпревар се игра в Кавадарци, а евентуалниот трет дуел ќе биде во Скопје бидејќи ние бевме подобро пласирани во лигата и имаме предност во овој полуфинален плеј-офф. Вардарки се ослабени во борбата за титула со заминувањето на двете американки кои заминаа за САД. Ние веќе имаме титула сезонава и тоа во Купот, каде дојдовме до пехарот во мечот со Бадел во финалето од Купот на Република Македонија кое се играше во градот Кавадарци пред околу два месец.