Убедлива победа за кадетите на фудбалскиот клуб Вардар, во рамките на 17 првенствено коло. Избраниците на Влатко Колев ја оправдаа фаворитската улога на дуелот со екипата на Гостивар и на домашен терен славеа со убедлив резултат од 7:0. Разликата во квалитет беше очигледна на страната на Вардарци кои константно притискаа на половината на противникот, што на крај резултираше со многу голови. Два од нив беа дело на напаѓачот Дејан Стоименов, Со овој триумф ја продолживме борбата за титулата во лигата.
-Одигравме мотивирано и квалитетно во текот на целиот меч, иако знаевме дека играме со последно пласираниот тим во лигата. Победата ни внесе радост и мотивација за другите натпревари кои ни претстојат. Бевме поквалитетен тим тоа го кажува и резултатот, многу голем дел од натревар топката беше во наш посед, игравме и создадовме многу шанси за гол. Резултатот ни дава повод како треба да ги одиграме и следните натпревари. Сите работиме во полн ритам и се трудиме да станеме двојни шампони оваа година и шансите за тоа се големи.
Во недела не очекува дербито со Работнички, натпревар кој може да реши некои работи околу конечнмиот исход на табелата. Овој натпревар се игра на теренот на Алумина, а тимот на Работнички е на првото место со четири бода повеќе од нашиот состав.