Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Денес РК Вардар ќе одржи прес-конференција пред натпреварот во четврфиналето против Фленсбург

Денес РК Вардар ќе одржи прес-конференција пред натпреварот во четврфиналето против Фленсбург

Во сабота екипата на РК Вардар го игра првиот четвртфинален натпревар во лигата на шампионите. Црвено-црните ќе гостуваат во Германија на екипата на Фленсбург. Ова ќе биде реприза на четвртфиналето од пред три сезони, кога истиве екипи го одлучуваат патникот на завршниот турнир. Тогаш среќата беше на страна на бундеслигашот, кој за само еден гол обезбеди учество на завршниот турнир во Келн. Пред Вардарци е можеби најголемиот предизвик оваа сезона, кој треба да се помине и да се испише историја за клубот и Македонскиот ракомет. По тој повод клубот денес ќе одржи прес-конференија, која ќе започне во 12 часот.

На прес-конференцијата ќе присуствуваат:
* Сергеј Самсоненко – претседател на клубот
* Едуард Кокшаров – спортски директор
* Раул Гонзалез – тренер
* Арпад Штербик – играч
* Стојанче Стоилов – играч