Нашиот атлетичар е презадоволен од постигнатото и најавува прогрес во наредниот период. Ова е прв негов полумаратон по повеќе од 2 години. Тој потврди дека ќе настапи и на трката на 5км во чест на 23 Октомври денот на Македонската револуционерна борба. Вреди да напоменеме дека на 42.195км настапи Трпе Мартиновски веќе навлезен во 6-тата деценија од животот патеката ја мина за 4 часа и 5 минути. на 21км трчаа уште МАртин Поповски со резултат 1 час и 44 минути, Дејан петков со 1 час и 52 минути и Ненад Димиќ со резултат 3 часа и 54 минути