Домашниот одбојкарски шампионат ќе почне на 10. октомври. Ждрепката денеска одлучи во првото коло да се сретнат екипата на Штип и ОК Вардар. Предвидено е овој дел од сезоната да заврши на 5. декември. Според договорениот систем за натпреварување во првата фаза екипите ќе одиграат девет кола или по еден натпревар со секој противник. Првопласираните четири екипи ќе продолжат во полуфиналето.
Home > Останати спортови > Одбојка > Одбојка: Вардар гостува на ОК Штип, познат распоредот по ждрепката