Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шишкарев: Во првите неколку месеци беше очигледно дека Скопје ни недостасува
Шишкарев: Во првите неколку месеци беше очигледно дека Скопје ни недостасува

Шишкарев: Во првите неколку месеци беше очигледно дека Скопје ни недостасува

Играчот кој освои две европски титули со РК Вардар, Данил Шишкарев кој од оваа сезона се пресели во унгарскиот шампион Веспрем, во интервју кое го даде за „Брз Центар“, вели дека Скопје им недостасува на синот и сопругата.

,,Во првите неколку месеци беше очигледно дека Скопје ни недостасува. Кај мене лично се покажа како веројатно полесно привикнување бидејќи почнаа тренинзите и натпреварите, но кај моето семејство беше поинаку. Сопругата Јулија и синот потешко се навикнуваат. Дојдовме летото порано за да се адаптираме, но после еден ден синот побара да се вратиме дома. Морав да му објаснам дека тука ќе останеме најмалку две години” , вели Шишкарев во интервјуто кое го даде за „Брз Центар“.