Thursday ,17 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар денес против Бутел Скопје ќе одигра контролен натпревар
Вардар денес против Бутел Скопје ќе одигра контролен натпревар

Вардар денес против Бутел Скопје ќе одигра контролен натпревар

Денес со почеток од 18:00 во С.Ц. Јане Сандански, екипата на Вардар ќе одигра пријателски натпревар со екипата на Бутел Скопје.

Речиси еден месец, црвено-црните немаат одиграно натпревар, па контролниот дуел против Бутел добро ќе дојде пред натпреварот од Лигата на Шампионите против екипата на Флеснбург.

Последниот дуел, Вардар го одигра на 16.септември кога во првото коло од ЛШ загуби на гостувањето кај екипата на Брест Мешков. Во изминатиов период требаше да одигра уште два дуели во најголемото натпреварување, против екипите на Елверум и Пик Сегед, но истите беа одложени.

Се уште нема официјална информација од челните луѓе на СЕХА лигата за стартот на сезоната, иако првично требаше да стартува на 10.октомври, но се поочигледно е дека и тука ќе се одложи стартот.

Вардар е во недостаток на натпревари, само тренира, но потребни се силни дуели за подигнување на формата, со оглед дека се работи за нова екипа, ќе биде потребно време да се воигра тимот, а актуелната ситуација само ги отежнува работите за се уште актуелниот Шампион на Европа.