Верниот атлетичар на Вардар, Петре Завировски без оглед на новонастанатата ситуација со корона вирусот и откажувањето на сите атлетски натпревари како и трите маратони за кои тој се подготвуваше за пролетва воопшто не ни помислува да го намали својот интензитет на тренинзи.
Напротив Завировски се подготвува како се да е во нормала и како небаре да утре има трка. Тој за Вардар Фанс кратко изјави “Се додека нешто ме буди во ноќта и ме тера да станам наутро рано за да тренирам ништо не е готово. Тоа е нешто што живее длабоко во мене. Желба, сон, визија.