Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Денес гледајте Вардар – Порто, на МРТ-3
Денес гледајте Вардар – Порто, на МРТ-3

Денес гледајте Вардар – Порто, на МРТ-3

Каналот МРТ-3 продолжува со емитување на стари спортски настани. Денес со почеток од 16:00 часот можете да го погледнете натпреварот од Лигата на Шампионите, меѓу екипите на Вардар и Порто.

Ова е меч од 2.коло во сезоната 2019/20, дуел на кој Вардар излезе како победник пред своите навивачи. Црвено-црните на тој дуел славеа победа со резултат 32:27. Сите кои немаат можност да го погледнат дуелот од 16:00 часот, истиот ќе се емитува точно на полноќ.