Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардар посилен за хрватот Радош во битката за опстанок
Кошарка: Вардар посилен за хрватот Радош во битката за опстанок

Кошарка: Вардар посилен за хрватот Радош во битката за опстанок

По Џуниус Провел, „црвено-црните“ успеаја во своите редови повторно да го донесат својот поранешен играч Дино Радош.

Хрватскиот интернационалец си замина од Вардар на крајот од првата полусезона, но откако не успеа да најде ангажман, одлучи да се врати во составот чиј член беше од 2018 година. Тој ќе биде трет странски кошаркар во тимот, заедно со Провел и Њуес.

Со нив Вардар ќе се обиде да се избори за уште една сезона во елитната македонска кошаркарска дивизија. Во моментов екипата се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со две победи, една помалку од Академија ФМП.

извор: http://basketball.mk/vardar-si-vrati-uste-eden-igrac-kompleten-ke-brka-opstanok/?fbclid=IwAR38knb3a6QLvXab2KyhwW9sMiXJ3ni7cdzndDiekrOBSgsi5ga7GlmxTdI