Следната недела се враќа на сцена, повторно ЕХФ Лигата на шампионите во ракомет. Ширум европските сали ќе започне „бркотницата„ за пласман во следната фаза. ЕХФ ТВ направи видео-компилација на најубавите дваесет голмански одбрани оваа есен. Во истата имаше место и за младиот надежен голман на Вардар, Кизиќ Марко. Тој се најде на втората позиција на овој избор.
Видеото може да го погледнете во продолжение: