Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар денес ја пречекува Струга во дуел за врвот на табелата
ЖКК Вардар денес ја пречекува Струга во дуел за врвот на табелата

ЖКК Вардар денес ја пречекува Струга во дуел за врвот на табелата

Викнедов на програмата е второто коло во новата 2020 година во женската кошаркарска Прва Лига, односно 11.коло  оваа сезона. Во истото црвено-црните избранички на Жаклина Стојановска ја пречекуваат екипата на Струга 2009.

ЖКК Вардар во меч кој ќе биде дерби за врвот ја пречекува екипата која е зад нас на табелата, ние имаме десет победи на десет меча, стружанки досега дојдоа до девет успеси. Нашиот ривал игра одлична сезона, и се вмеша во борбата за врвот помеѓу нас и Бадел. Шампионките ќе бидат домаќини денес (1.фебруари), сабота со почеток во 17:30 часот на мечот кој ќе се одигра во Кале.