Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар го победи ГТЦ и постави нов рекорд за “соборени дрва„ во МКЛ
КУГЛАЊЕ! Вардар го победи ГТЦ и постави нов рекорд за “соборени дрва„ во МКЛ

КУГЛАЊЕ! Вардар го победи ГТЦ и постави нов рекорд за “соборени дрва„ во МКЛ

Овој викендот на програмата во Македонската кугларска лига беа мечевите од предпоследното коло од оваа натпреварувачка сезона. Вардар во мечот од 9.коло на домашен терен во кугларницата при спортскиот центар “Борис Трајковски“ го пречека гратскиот ривал екипата на Кк ГТЦ Мусандра. Во овој дуел црвено-црниот кугларски колектив однесе победа со 7:1.

Иако со оваа победа црвено-црните прокнижиа нови бодови сепак од овој дуел ќе остане забелeжано нешто сосема друго тоа е дека Вардар  со 3608 “соборени дрва“ постави нов рекорд во 1.МКЛ, откако се игра во формат од 120 кугли. Исто така радува што оваа форма односно зенитот на формата годинава е постигнат баш пред последното, решавачкото, дерби коло со шампионот Кк Макпетрол. Мечот со “пумпашите“ ќе биде шанса да конечно по деценија и пол  да ги симне друга екипа од врвот на македонското екипно куглање, а особено големо ќе биде задоволството доколку тоа биде Вардар. Двете екипи во дербито влегуваат со по 17 бода далеку зад ГТЦ и Хераклеа кој се зад нив со освоени 8 бода во овие 9.кола. На дуелот кој ќе биде врежан во меморитее како меч во кој беа соборени рекордите на мак.куглањето најдобар скор имаше, а кој ако не дуото Влаќевски-Димитровски. Димитар Димировски имаше број еден скор и запиша 655 “соборени дрва“, а пак вториот од дуото Влаќевски впиша 6 помалку односно 649 “соборени дрва“, Згонац беше трет по успешност со 580, а четвртата позиција кај нас беше резервирана за Донковски , Младен имаше 578 со “соборени дрва“.  Одлични партии имаа и Јакимовски и Димковски со 574 односно 572 “соборени дрва“. Вардар. Вкупниот резулат од овој дуел беше 3608:3337 (17,5: 6,5). Шефот на стручниот штаб на Вардар Драги Димитровски може да биде среќен што со овие перформанси на играчите го очекува клучниот меч со шампионот.