Избраниците на шпанскиот стратег Раул Гонзалес успеаа да победат на гостувањето во Унгарија. Со тоа тие широко си ги отворат вратите кон обезбедување на треттата позиција во нашата група. Одигравме одличен меч со унгарски Пик Сегед, а по истиот на стандардната прес-конференција шефот на стручниот штаб на вардарци изјави:
По мечот со Хуан Карлос Пастор завршува одлична работа во Пик Сегед, што ја прави оваа наша победа уште повредна. Одигравме тежок натпревар, во кој главна улога имаа одбраните на двете екипи. Во второто полувреме пресуди Страхиња Милиќ беше одличен и ни помогна да победиме. Тоа е голмански настап со кој можете да победите и на гости. -изјави Раул Гонзалес.
Голманите на црвено-црните имаа дури 38% одбранети удари на мечот со ПИК Сегед. Вистински лидер во победата беше Страхиња Милиќ , кој дуелот го заврши со 13 одбрани.
Две недели се подготвувавме за овој дуел. Можам да кажам дека одигравме перфектен натпревар, а најголема заслуга за тоа има нашиот тренер. Јас нaвистина максимално се трудев вечерва и мислам дека имав одличен перформанс.- Изјави Страхиња Милиќ