Веројатно поинакви ќе беа работите во тимот на Вардар да го имаше во своите редови планираното големо засилување. Дамјан Робев се врати под Кале по една сезона помината во дресот на Гостивар за да ги води „црвено-црните“ на враќањето во Првата лига.
Но, на своето второ деби во дресот на матичниот клуб ќе мора да почека до есента 2019 бидејќи за време на подготовките доживеа тешка повреда на дуел со Куманово, а докторите ја потврдија најлошата вест: скинат преден вкрстен лигамент. Следеше успешна операција, по која следи рехабилитација за играчот на црвено-црните.