Генерацијата на ФК Вардар родени “2004„ година со една “нога„ се во полуфиналето на Kупот, откако денес славеа на гостувањето кај екипата на Пелистер со резултат 0:2, на првиот четвртфинален меч од Kупот на Македонија.
Тренерот Ѓорѓиески стартуваше со следниве 11-сетмина: Ангелов, Милошевски, Каровски, Анчевски, Павлески, Серафимов, Дошев, Стоимов, Гуџуфи, Идризи, Ибраим.
По првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0, иако вардарци и во овој дел од мечот имаа неколку прилики добри да го отворат резултатот. Во второто полувреме доминацијата ја претворивме со два погодоци во противничката мрежа. Најпрво резултатот го отвори Левен Ибраим за предност на Вардар од 0:1, додека предноста ја зголеми Бесар Гуџуфи, за конечни 0:2 на овој натпревар.
*Во игра влегоа Перковски, Хајдари и Стојановски, додека црвен картон на мечот доби Исмет Хајдари.