Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > По завршениот 1.круг во Супер лигата, ЖРК Вардар е во чекор со водечките и далеку поискусните екипи на Металург и Куманово
По завршениот 1.круг во Супер лигата, ЖРК Вардар е во чекор со водечките и далеку поискусните екипи на Металург и Куманово

По завршениот 1.круг во Супер лигата, ЖРК Вардар е во чекор со водечките и далеку поискусните екипи на Металург и Куманово

Со вчерашниот дуел во Битола помеѓу Пелистер и Стружанка се комплетираше 9.коло односно тоа беше последниот натпревар од 1.круг во женската Супер лига. ЖРК Вардар веќе ги “одмери“ по еднаш силите со сите други тимови оваа есен. Девојките кои влегоа потценети пред почетокот изненадија па по оваа прва етапа се на самиот врв со два искусни состави како екипите на Металург и Куманово за кои се очекуваше дека ќе атакуваат на лидерската позиција.

t4

Интересно што зад девојките на Симовски, Ристова и Царчев се тимови како Пелистер, Стружанка и Гевгелија кои се повозрасни и поискусни во лигава. Вардар го дели второто место со Куманово со по 22.бода, а Металург е лидер со само два бода повеќе. Да не беше несреќниот гол за изедначување примен до кумановски во меѓусебниот дуел во последните моменти црвено-црните дами ќе го завршеа првиот дел како лидери на табелата. Мора да напоменеме дека грото на оваа екипа првпат игра сениорски ракомет, станува збор претежно за девојки родени 2002.година и помали со неколку малку повозрасни колешки. Покрај младоста, неискуството, потценувањето за големината на нивниот досегашен успех во прилог иде и фактот што имаат повредено неколку кличи играчи.

t3

Сепак ништо не ги поколеба младите девојки тие имаат скор од 7.победи, едно реми и само еден пораз. Врзаа во низа шест победи во последните шест кола и се вивнаа на врвот на табелата. Викендов започнува 2.круг и веднаш “пеколен“ испит за младите ракометарки гостување кај силниот и амбициозен тим на ЖРК Куманово. Нашиот следен ривал додатно се засили со интернационални засилувања кои се дел од репрезентацијата на Црна Гора. И во оваа битка на “Давид и Голијат“   вардарки ќе влезат инспирирани, со многу елант и желба за да покажат дека нивните успеси не се случајност и дека тие се вистинскиот хит на оваа сезона 2018/2019 во Супер лигата. Нивниот таен рецепт е големата поврзаност, меѓусебното почитување и другарство, и почитта кон светиот дрес кои го носат.

t2