Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Битанг нема да игра против Македонија ЃП
Битанг нема да игра против Македонија ЃП

Битанг нема да игра против Македонија ЃП

На проблемите на Вардар им нема крај. Поради акумулирани пет жолти картони, на утрешната средба со Македонија ЃП тренерот на Вардар Васоски, нема да може да смета на одличниот играч од средината на теренот Кларен Битанг.

Битанг доби жолт картон со Ренова, што значеше дека ќе мора да паузира еден натпревар. Ова е дополнителен шок за црвено – црните, бидејќи Мицевски е во многу лоша форма.

Кој играч ќе го замени Битанг во средината на теренот на утрешниот дуел, останува да видиме.