Денес свој роденден прославува, Влатко Гиевски членот на кугларскиот клуб Вардар. Тој на црвено-црниот кугларски колектив се придружи пред една година, изминатата сезона беше дел од ростерот предводен од Драги Димитровски кој дојде до вице-шампионската круна. Токму во клучниот трет меч за овој успех в гости кај КК ГТЦ Мусандра екипа која ни беше директен конкурент, Влатко кога беше најпотребно поентираше и го трасираше патот до “среброто“. Славеникот на кој му го честитаме роденденот и оваа сезона ќе биде дел од Вардар, му посакуваме здравје и успех во новите предизвици со нашиот тим.