ЖКК Вардар е одличен во оваа сезона има 11 победи од исто толку мечеви, но и покрај тоа додатно се засилува за да ја одбрани двојната круна во домашната кошарка. Нов член на составот предводен од Жаклина Стојановска е и канадската интернационалка со италијански пасош Мелиса Рондинели. По тој повод на официјалната страница на клубот вчера излегоа со потврда, во истата се вели:
-Од денес официјално регистриран играч за сениорките е дваесет и девет годишната Канаѓанка Мелиса Рондинели. Таа, со своите 184 cm ќе помогне на “црвено-црните” да ја одбранат двојната круна. Доаѓа од грчки Кронос и се надеваме дека успешно ќе се вклопи во нашето семејство-велат од Вардар.