Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски: Загубив многу време, се враќам на атлетската патека
Завировски: Загубив многу време, се враќам на атлетската патека

Завировски: Загубив многу време, се враќам на атлетската патека

По долга пауза од шест месеци и неколку не успешни обиди за враќање на тренинг. Поради проблеми со повреда на десното колено кои константно го оневозможуваа, вардарецот, Петре Завировски конечно  започна со лесни тренинзи.

Да потсетиме сезонава атлетичарот на АК Вардар, Завировски имаше само два настапи. Првиот беше на полумаратонот “Трчаме кон целта” на 31.март, тогаш на истиот тој  го освои 9 место со резултат од 1 час и 22 минути и 26 секунди.

petre

Додека во мај на најорганирираниот и најмасовниот атлетски настан во земјава “Скопскиот Маратон“ на полумаратонската трка со грч на лицето се повлече по  над истрчани 12 километри  од трката. Завировски кратко ни изјави: Загубив многу време. И после се јас се враќам! Познавајки го неговиот карактер со само неколку недели тренинг можно е да се појави на стартот на некоја од наредните трки кон крајот на годината.