Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Slider > Дерби во СЕХА-лигата, Вардар против Нексе за враќање на победите во ова натпреварување
Дерби во СЕХА-лигата, Вардар против Нексе за враќање на победите во ова натпреварување

Дерби во СЕХА-лигата, Вардар против Нексе за враќање на победите во ова натпреварување

Вечерва во спортскиот центар Јане Сандански не очекува ново ракометно возбудување. На гости ни доаѓа второпласираниот тим на СЕХА-лигата и најпријатното изненадување за оваа сезона, екипата на Нексе од Хрватска.

Натпреварот го добива епитетот дерби, со оглед дека се среќаваат второ и трето пласираниот на табелата. Тимот на Нексе игра одлично оваа сезона и после 7 одиграни кола имаат 6 победи и само 1 пораз и тоа на гостувањето кај екипата на Татран Прешов. Избраниците на Хрвоје Хорват успеааа во овој дел од сезоната да излезат како победници во дуелите со екипите на Загреб, Извиѓач, Металург, Железничар, Стеауа и Војвбодина. Томи Возаб е нивниот најефикасен играч, кој е всушност и трет најдобар стрелец во лигата, со вкупно 37 постигнати голови. Потенцијална опасност по нашиот гол ќе доаѓа и од Бувиниќ, како и од најновото засилување кое пристигна од Металург, се работи за Халил Јагањац. Нексе игра одличен ракомет оваа сезона и секој противник во дуелите со нив ќе има проблеми да освои бодови.

После победата против Брест Мешков, избраниците на Парондо ќе сакаат да се вратат на победите и во СЕХА-лигата и повторно да се најдат на врвот во ова натпреварување. На денешниот дуел во составот нема да ги видиме Мораес Фереира како и Грегор Оцвирк, сите останати се ставаат на располагање за вечерашното дерби, а на тренерот Парондо останува да одлучи со кои ракометари ќе излезе на дуелот со Нексе. Ова ќе биде како еден вид подготовка за неделниот дуел од ЛШ, кога во истава арена ќе гостува екипата на Барселона.

Билетите за вечерашниот меч се по цена од само 50 денари, а сите кои имаат сезонски билети исто така можат да го проследат овој дерби дуел. На нашиот шампион секогаш му е потребна поддршка, така се надеваме дека ќе биде и вечерва. Кој нема да биде во можност да дојде во сала, директен пренос од натпреварот ќе врши МРТ-1.