Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење! Седум први места на Меѓународниот турнир „Бојан Рангелов“ за Вардар
Борење!  Седум први места на Меѓународниот турнир „Бојан Рангелов“ за Вардар

Борење! Седум први места на Меѓународниот турнир „Бојан Рангелов“ за Вардар

Во чест на вардаровата легенда, односно основач на БК Вардар, се одржа на 29-ти јули првиот Меѓународен турнир во борење во слободен стил, грчко-римски и женско борење „Бојан Рангелов“ во Босилеград, Србија. На истиот  настапија 70 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија и од скандинавските земји во детска и кадетска конкуренција. Босилеград е родниот град на легендата на црвено-цтниот боречки клуб Бојан Ранеглов.

Неговиот Вардар освои дури седум први места во трите стила и беше еден од најуспешните клубови на турнирот.

На турнирот настапија екипите од Србија: Црвена Звезда, Раднички и Жандармерија , од Бугарија „Васил и Георги Илиев“ , од Македонија „Вардар“ и домаќинот „Бојан Рангелов“.

6

Како израз на благодарност и понатамошна соработка великанот Бојан Рангелов на тренерите на екипите Валентин Рајчев („В.Г.Илиев“ – Ќустендил), Игор Неделковски (Вардар), Далибор Перовиќ (Црвена Звезда), Младен Кецман (Раднички) и Стојчо Иванов („Бојан Рангелов“) им врачи медали.

Организатор и покровител на турнирот потпретседателот на Вардар Александар Рангелов, со фирмата Пешко инжинеринг.

4 15

Турнирот му даде поголема живост на градот, бидејќи во тек беше и меѓународен фолклорен фестивал.

Победници по категории:

Слободен стил
-35 кг Марко Чивачки (Вардар)
-42 кг Матеј Неделковски (Вардар)
-46 кг Марио Савевски (Вардар)
-50 кг Валентин Асенов (Б.Рангелов)
-54 кг Дејан Асенов (Б.Рангелов)
-58 кг Адријан Руменов (Ќустендил)
-63 кг Ангелов Дејан (Ќустендил)
-69 кг Кристијан Славевски (Вардар)
-76 кг Марио Стојанов (Ќустендил)
-85 кг Никола Јотов (Ќустендил)

Женско борење
-35 кг Ивона Кецман (Раднички)
-38 кг Нина Славевска(Вардар)
-43 кг Анелија Атанасова (Б.Рангелов)
-46 кг Ралица Барутчиска (Ќустендил)
-49 кг Иванка Барутчиска (Ќустендил)
-52 кг Моника Барутчиска (Ќустендил)
-56 кг Марија Неделковска (Вардар)
-60 кг Шемса Тодоровиќ (Ц.Звезда)
65 кг Катерина Гешеча (Раднички)

Грчко-римски стил
-35 кг Елвис Тодоровиќ (Ц.Звезда)
-42 кг Милош Перовиќ ( Ц.Звезда)
-46 кг Вук Пајиќ (Жандармерија)
-50 кг Жељко Стојковиќ ( Ц.Звезда)
-54 кг Немања Павлица (Раднички)
-58 кг Адријан Руменов (Ќустендил)
-63 кг Јован Павлица (Ц.Звезда)
-69 кг Кристијан Савевски (Вардар)
-76 кг Марио Стојанов (Ќустендил)
-85 кг Марко Перовиќ (Ц.Звезда)