Имав и други понуди, но сметав дека Вардар е најдоброто решение за мене. Кога дојдов во Брест тимот растеше, но решив да одам понатаму. И од она што го видов сигурно не сум згрешил во изборот. Од друга страна ова е европски првак, и сега сите ќе сакаат да не победат, да играат добро, а и ние ќе играме на повисоко ниво. Самата организација во клубот е многу подобра, на повисоко ниво, а клубот има и поголеми амбиции, а тоа се совпаѓа со она што и јас го сакам.
Во продолжение “џинот“ Даинис Криштопанс зборува за своите очекувања со РК Вардар и она што тој го очекува од себе и остатокот од екипата.
Притисокот сега можеби е поголем, уште повеќе поради европската титула, но како ќе почнуваат натпреварите ќе биде полесно, иако сите сакаат да не победат. Подготвени сме на сѐ, и очекувам клубот да игра подеднакво добро како и лани, па и јас лесно да се вклопам во сето тоа.
Сите ме прашуваат околу ова. Колку ќе можам да го заменам Душебаев, тоа знае само тренерот, но јас ќе дадам се од себе, за да го заменам достојно. Очекувам да играм и во одбрана и во напад, и да победувам со Вардар, затоа и дојдов тука.