Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Шампиони! ЖКК Вардар М12 дојде до пехарот, вардарката Теа Трајковска е МВП (ФОТО)
Шампиони! ЖКК Вардар М12 дојде до пехарот, вардарката Теа Трајковска е МВП (ФОТО)

Шампиони! ЖКК Вардар М12 дојде до пехарот, вардарката Теа Трајковска е МВП (ФОТО)

Девојките на ЖКК Вардар М12  финалниот натпревар беа подобри од кавадаречки Јасмин 95 со резултат (52:34)

Младите кошаркарки на Вардар се победници во М12 лигата. А до победничкиот пехар и златните медали стигнаа по победата од (52:34) во финалниот дуел против екипата на Jасмин 95 од Кавадарци.

Претходно, во натпреварот за третото место, екипата на Спорт Тим од Неготино излезе како победник во „малото финале“ против Струга 2009 (29:19), и ги освои бронзените одличја на турнирот за оваа најмала возрасна категорија во женскиот сегмент на младинските лиги.

283444392_10221501043177661_2349270671461580792_n 284866464_10221501042297639_2538265721365177523_n 284925828_10221501042857653_4134956350626784701_n 285057698_10221501042017632_2513729629111361835_n

Теа Трајковска, кошаркарка од победничката екипа, беше прогласена и за најкорисна на дводневниот собир на четирите најдобри екипи во оваа конкуренција.

89

ФИНАЛЕ

ЈАСМИН 95 – ВАРДАР     34:52

(5-15; 5-13, 5-20, 19-4)

ЈАСМИН 95: Василева, Смилева 5, Грижева Б 2, Димова 2, Китева 4, Ѓорева 8, Стојановиќ, Мегленова 13, Палкова, Алексова, Динова, Грижева Т

ВАРДАР: Андриевска 2, Станојоска, Ивановска 4, Ѓорѓевиќ 2, Стојановска 3, Филиповска, Ефтовска 10, Гимовска 2, Николиќ, Столевска 4, Димитриевска, Трајковска 25;

ЗА ТРЕТО МЕСТО

СПОРТ ТИМ – СТРУГА 2009       29:19

(18-6; 6-3; 3-6; 2-4)

СПОРТ ТИМ: Зафирова, Пејкова, Коцева, Јовановиќ 10, Смилкова, Петрова, Димова 4, Волкановска, Тодорчев, Нацева. Трајкова, Леова 15;

СТРУГА 2009: Ѓуроска, Милчин 12, Абдулаи, Бујари, Дишлиоска, Фејзулаи, Ангелеска 1, Затуроска, Шикоска, Хаџиева, Зиба 2, Ниноска 4;