Помладите пионери на ФК Вардар се Шампиони на Македонија за натпреварувачката 2021/22 сезона. Денес во Тетово, генерацијата 2006 го одигра последниот натпревар на кој гостуваше кај екипата на Ренова. Вардаровите надежи одиграа добар натпревар на кој забележаа триумф со резултат 1:3.
После завршување на натпреварот, им беше доделен пехарот за освоеното прво место. Погледнете галерија на фотографии.