Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар со победи против Ренова ја финишираа сезоната
Пионерските екипи на ФК Вардар со победи против Ренова ја финишираа сезоната

Пионерските екипи на ФК Вардар со победи против Ренова ја финишираа сезоната

Денес во Тетово, пионерските екипи на ФК Вардар го одиграа последното 26.коло во кое гостуваа кај екипата на Ренова.

Помладите пионери на супериорен начин го завршија првенството, во кое станаа Шампиони на Македонија. Избраниците на Сашо Јанев со триумф се одјавија сезонава, со победа против екипата на Ренова. Конечниот резултат гласеше 1:3. По првото полувреме имавме водство од 0:2, со головите на Алтин Алији во 36 и Марко Николовски во 44 минута од првиот дел.

Во вториот дел од натпреварот паднаа по еден гол во двете мрежи. Најпрво домашниот тим со погодок во 75 минута го намали резултатот на 1:2, за Матеј Гаштаров во 86.минута да ги постави конечните 1:3 на овој последен натпревар сезонава. Помладите пионери завршија на првото место со 59 освоени бодови, со скор од 19 победи, 2 нерешени резултати и 3 порази.

284893208_10220290225547444_7768370933522984520_n

Вардар: Максим Краљевски, Алтин Алији, Андреј Величковски, Драган Јанкоски, Димитар Порчу (К), Марко Николовски, Давор Лефковски, Дамјан Алексовски, Дарко Сековски, Александар Миовски, Михаил Николов. 

Играа уште и Андреј Данстак, Михаил Танчев, Матеј Гаштаров, Стефан Коловски, Максим Цониќ, Давид Цековски и Матеј Ѓорѓиевски.

Пионерите стигнаа до минимална победа, изразена со резултат 0:1. Единствениот гол на овој натпревар падна уште во 1.минута кога мрежата на Ренова ја затресе Стефан Ристовски за водство од 0:1, резултат кој и до истекот на 90-те минути се покажа како конечен на овој последен натпревар во пионерската Супер лига.

Вардар: Илија Апостоловски, Влатко Кулуковски (К), Зоран Фидановски, Матеј Митревски, Лука Јакимовски, Тино Спасиќ, Михаил Кузмановски, Арбин Курти, Стефан Ристовски, Никола Уневски и Филип Радевски. 

Во игра влегоа и Хадис Рамани и Михаил Јаневски.

Оваа генерација предводена од Саше Божиноски заврши на 5.место со освоени 42 бодови, со скор од 13 победи, 3 нерешени резултати и 8 порази.