Средниот бек на РК Вардар, Стефан Крстевски во новата сезона ќе биде дел од екипата на Бутел, со која потпиша договор на една година.
Стефан Крстевски кој потекнува од школата на Ресен, во 2014 година доаѓа во РК Вардар, клуб во кој ги помина сите младински екипи, исто така беше дел и од првиот тим на Вардар со кој имаше настапи во Супер Лигата, како и СЕХА-лигата, додека има забележано настап и во Лигата на Шапионите.
Крстевски се одлучи за Бутел, клуб каде треба да има поголема минутажа.