Генерацијата 2009 е елиминирана во Детската Лига, откако го загуби натпреварот од 1/4 финалето против екипата на Грозданоски. Вардар иако имаше предност на полувреме од 2:1, сепак на крајот мораше да се помири со пораз, противникот направи пресврт и победи со резултат 2:3.
Во раниот период од мечот, екипата на Грозданоски прва успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. Избраниците на Зоран Петковски полека фатија ритам, започнаа да создаваат шанси, од кои две претворија во гол, иако имаа уште неколку добри шанси посебно во првиот дел од натпреварот. После одлично додавање на Николов, нашите млади надежи преку Јаков Стојковски успеаа да го израмнат резултатот на 1:1. Набргу направивме и резултатски пресврт, водство од 2:1 донесе Коста Бошковски, после додавање од Атанасовски. Овој резултат беше актуелен на полувреме. Штета, што при овој резултат, не успеавме да искористиме добра шанса преку Матеј Ристевски чиј удар го одбрани противничкиот гоман.
Во вториот дел иако имавме предност, сепак му дозволивме на противникот да постигне два гола и да победи со резултат 2:3. Погледнете ја нашата фотогалерија од овој натпревар.