Wednesday ,06 July 2022
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетски Куп: Завировски одличен на 5.000 м
Атлетски Куп: Завировски одличен на 5.000 м

Атлетски Куп: Завировски одличен на 5.000 м

 Викендов на арената Филип Втори Македонски се одржува финалето на купот на Македонија. Нашиот Петре Завировски покажува инзвореден перформанс. Тој го постави својот втор најдобар резултат во кариерата на 5000 метри. Овој пат постави резултат од 16:50 минути. Во целост ви ја пренесуваме вчерашната објавата на Атлетски клуб Вардар Скопје:

Нашиот Петре Завировски со инзворедна трка на 5000 метри во финалето на купот на Македонија. Фантастичен резултат 16:50 минути. Со тоа е исполнета нормата на купот на Македонија. Тој ја трча најдобрата прва полусезона во кариерата. Ова е негов втор најдобар резултат во кариерата на 5000 метри. Втор пат во кариерата под 17 минути. Негов личен рекорд е 16:31 минути. Утре Завировски стартува на 3 000 метри со почеток во 17 часот на арената Филип Втори. Влезот е слободен!